Достапни линкови

САД инвестираат пет милиони долари за воена база


Само на неколку километри од границата со Иран, американските сили градат воена база во Ирак. Проектот кој чини 5 милиони долари е наменет за подобрување на граничната безбедност и е дел од напорите на Соединетите држави да ја спречат иранската поддршката на бунтовниците во Ирак.

Американската војска ги интензивираше напорите да ја запре, како што вели иранската поддршка за бунтовниците во Ирак. Планот е сличен со стратегијата на Соединетите држави насекаде во Ирак. Таа ги повикува американските коалициски трупи да помогнат во изградбата на граничната инфраструктура во Ирак, како и да ги тренираат ирачките сили за евентуално преземање на операциите за граничната безбедност. Американскиот воен командант во Ирак, генерал Давид Петрус, вели дека има цврсти докази кои покажуваат дека Иран бил вклучен во некои смртоносни напади во Ирак. Тој го обвинува Иран за помагање на ирачките бунтовници и тоа преку снабдување на истите со оружје и експлозивни проектили.

„Не го обвинувам Иран за се што е погрешно во Ирак. Она што го тврдев е всушност тоа што го научивме за иранските активности. А, тоа секако допринесе до софистицираност на нападите, кои немаше да бидат возможни без иранската поддршка, кога станува збор за експлозивните проектили, кои се произведуваат од Иранците. “

Американкиот воен врв ги обвинува силите на Иранската Исламистичка револуционерна гарда дека спроведуваат специјални тренинзи на ирачките бунтовници во Ирак. Според нив тие се концентрирани на 150 километри долж границата кон југоисточен Багдад. Таму, во близина на градот Зурбатија, Соединетите Држави го конструираат централниот дел од новата стратегија за гранична контрола, база која треба да возврати на можните напади.
Полковник Марк Мјулер вели дека опремата за надгледување во базата ќе им дозволува на чуварите да ги спречуваат евентуалните шверцери на оружје.
„Можеме да слушнеме некои од разговорите по мобилен телефон меѓу продавачот и купувачот, времето на транспорт, типовите на камиони...и постојано се подобруваме на тој план. “

Првичните планови се да се повикаат 100-тина војници од Грузија и околу 70 американски војници во базата. Аналитичарите ја гледаат новата база како дел од големата борба за влијание над Ирак меѓу Соединетите држави и Иран. Иран одбива да признае какв било влијание врз насилствата во Ирак. Но експертите се согласни дека нема сомневање оти влијанието на Иран врз трговијата и политиката на Ирак се зголеми по падот на режимот на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG