Достапни линкови

Главен актер во иднината на Косово треба да биде ЕУ, сметаат аналитичарите


Европската унија подолго време чека на резолуција од Обединетите Нации за иднината на Косово. Но, таа станува се поневорајтна со оглед на отпорот на Русија и на застојот на преговорите меѓу Белград и Приштина. Затоа, според аналитичарите, членките на Унијата кои се за независно Косово ќе треба да изнајдат алтернативни патишта за продолжување на процесот.

Поделбата на Европската Унија околу Косово не само што би ги поткопала плановите на Унијата за преземање на мисијата од Обединетите нации, туку би го уништила и нејзиниот кредибилитет, сметаат стручњаците. Некои од нив се на став дека Брисел уште сега треба да ги подготви законските основи за евентуалното присуство на скоро две илјадите европолицајци на Косово ако тоа го побараат косовските лидери и светската организација. Тоа пак за Белград е целосно неприфатливо:

„Ми се чини дека во овој момент официјалниот одговор би бил оти тоа е прејудицирање на резултатот и оти ќе има резолуција. Најдобра опција за Белград е усвојување резолуција.“

Вели помошник министерот за ндворешни работи на Србија Милица Делевиќ. Со ова се согласува и претседателот на надворешно политичкиот совет Живорад Ковачевиќ кој вели дека заобиколувањето на Обединетите нации е лошо не само за Србија, туку и за меѓународниот поредок.

„Европската унија има повеќе проблеми: да ги усогласи своите ставови со Соединетите Држави, да не ја повреди премногу Русија, да не го заобиколи Советот за безбедност, да не ја загрози безбедноста во регионот и што е најважно за неа, да обезбеди единство во самата Унија, бидејќи има повеќе членки кои не се за решавање на статусот на Косово без резолуција на Обединетите нации.“

Ставот дека позицијата на Унијата е исклучително деликатна го дели и Јелена Минчиќ од Форумот за меѓународни односи, додавајќи:

„Европската Унија се уште е поподготвена да го избере внатрешното единство затоа што претстојат нови преговори за евроуставот. Но, постои и консензус околу тоа дека Унијата е главниот меѓународен актер кој треба да ја преземе клучната улога околу идниот статус на Косово.“

Очигледно е дека Србија и Косово немаат намера да ги сменат своите ставови и затоа според Живорад Ковачевиќ не треба да се очекува од Брисел да преземе некои избразни потези во врска со европската мисија на Косово:

„Тоа би било изненадување, бидејќи тројката сепак, има мандат до десетти декември да поднесе извештај до генералниот секретар на Обединетите нации. Сега во оваа фаза, ако така би било решено, тоа ќе значи крај на преговарачкиот процес.“

Вели претседателот на надворешно политичкиот совет на српското министерство за надворешни работи Живорад Ковачевиќ.
XS
SM
MD
LG