Достапни линкови

Вашингтон: Џорџ Буш го поздрави договорот со Северна Кореа за денуклеаризација на полуостровот


Американскиот претседател Џорџ Буш го поздрави договорот постигнат со Северна Кореа за денуклеаризација на земјата, вклучувајќи го и затварањето на главниот нуклеарен реактор - Јонгбјон. Буш во соопштението истакна дека договорот меѓу Северна Кореа и останатите земји учеснички во шест страните преговори, Соединетите држави, Кина, Русија, Јапонија и Јужна Кореа ја одразува ,,заедничката предаденост,, на учесниците во преговорите за создавање на Корејски полуостров без нуклеарно вооружување.
XS
SM
MD
LG