Достапни линкови

logo-print

Прв јасен сигнал дека Путин има намера да остане на власт, сметаат аналитичарите


Рускиот претседател Владимир Путин неодамна најави дека би можело да се кандидира за премиер на Русија. По неколкумесечните шпекулации за политичката иднина на Путин, ова е прв јасен сигнал дека тој има намера да остане на власт и откако ќе му заврши неговиот претседателски мандат.

Дали рускиот претседател Владимир Путин конечно кажа кои се неговите намери? Говорејќи на конгресот на провладината партија Обединета Русија Путин фрли две вербални бомби: ќе ја предводи партиската листа на кандидати на декемвриските избори за Думата и ќе размисли дали да стане премиер во иднина.

„Раководење со владата е многу реален предлог, но се уште е рано да размислувам за тоа, бидејќи претходно треба да бидат исполнети два услова. Најнапред Обединета Русија мора да победи на парламентарните избори и второ за претседател да биде избран чесна, способна и модерна личност.“

Со оглед на финансиските, администравните и медиумски извори во Кремљ, нема да има поголеми проблеми за Обединета Русија да ги исполни овие услови. Аналитичарите сметаат дека најавата на Путин е најасен сигнал досега дека тој планира да ја зачува моќта откако во идната година му истекува неговиот втор мандат на претседателската функција.

„Се чини дека претседателот Владимир Путин решил да остне на власт и во терт, четврт, петти мандат. Тој не гледа мирно сценарио за трансфер на валста во Русија по неговото заминување. Тој не гледа можност за консолидирање на елитите за новиот наследник.“

Вели политичкиот аналитичар Станислав Белковски, додвајќи дека Путин ќе продолжи да доминира во руската политика и како премиер, бидејќи за негов сукцесор на претседателското место ќе довде лојална личност како што тоа го стори со новиот премиер Виктор Зубков. Според Олга Кристановскаја, од институтот за социологија при Руската академија на науки, Путин ќе се обиде со Обединета Русија на претстојните избори да добие над седумдесет насто од гласовите со што ќе може да ги смени законите за добие поголема како премиер.

„Кога Путин ќе стане лидер на победничката партија, тие тогаш ќе го сменат законот за владата. Овластувањата на сите таканарешни силни министерства, одбрана, надворешни и внатрешни работи ќе бидат префрлени врз премиерот.“


Кристановскаја очекува да биде сменет и начинот на кој се наименува премиерот. Според сегашниот систем тоа го прави шефот на државата, а Думата само го потврдува неговиот избор. Потоа би можело лидерот на најголемата партија во Думата автоматски да станува и и премиер. Идејата е, вели таа, да се креира некаков вид на супер премиер за Путин, нешто слично со канцеларската функција во Германија.
XS
SM
MD
LG