Достапни линкови

Пјонгјанг: Продолжува средбата меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореа


Лидерите на Јужна и на Северна Кореа Ро Мун Хју и Ким Јонг Ил денеска ги продолжија разговорите во Пјонгјанг на првиот самит меѓу двете земји во изминативе седум години. Агенциите јавуваат дека Ким Јонг Ил предложил самитот да не заврши утре како што е предвидено, туку задутре и оти сега се очекува одговорот од јужнокорејскиот претседател. Самитот во Пјонгјанг е втора средба на ниво на шефови на држави меѓу двете земји од поделбата на Корејскиот полустров по војната во почетокот на пеесетите години од минатиот век.
XS
SM
MD
LG