Достапни линкови

Потрошени 3,9 милиони долари за бесплатен Интернет во училиштата


Со цел да се зголеми пристапот до интернет во изминатите три години се спроведуваше проект Македонија се поврзува. Во него беа вклучени околу петстотини училишта, а беа потрошени 3,9 милиони долари донирани од Американската агенција за мегународен развој

„Добија бесплатен Интернет и додатни сервиси како школскиот веб портал, хостирање на веб страни, потоа имаат бесплатен емаил вработените во училиштата и учениците,“

изјави Љупчо Тагасовски од американската агенција кој е директор на проектот. Тој додава дека со активностите од проектот подобрен е пристапот до интернет, станал достапен и во нерзавиените места и слично. Во текот на трите години правени се и истражувања за користење на интернет во училиштата

„Ние направивме годишни анкети во 2006 и 2007 година кои покажаа многу добри резултати. За споредба, кога почнуваше проектот имавме околу 8 насто Интернет пенетрација, а последните показатели покажуваат дека Македонија веќе има 32 насто Интернет корисници, што се прекрасни резултати, имајќи предвид дека членките на ЕУ имаат просек 50 насто, а земјите кои не се членки имаат просек од 18 насто.“

вели Тагасовски.

Професорката по информатика Тања Иванова од основното училиште Кирил и Методиј кое беше вклучено во проектот кажува дека со овој проект предностите на интернетот ги почувствувале сите деца.

„Голем е интересот за барање на содржини по сите предмети. Секојдневно се случува децата да доаѓаат на Интернет, бараат податоци за проекти и Интернетот нуди големи можности, а учениците одлично се снаоѓаат.“

Проектот беше поддржан и од владата, а од УСАИД апелираат таа да ги продолжи активностите започнати со проектот и да обезбедува бесплатен интернет за училиштата.
XS
SM
MD
LG