Достапни линкови

Институциите недоволно заинтересирани за решавање на проблемот, тврдат познавачите


По две акции за предавање на нелегалното оружје проценките на упатените се дека во земјава сеуште има окололу 100 парчиња. Во мегувреме последните инциденти околу собранието но и честите пресметки по улиците како онаа петочната во која загинаа три лица предупредуваат дека Министервото за внатрешни работи треба да работи систематски и постојано - велат упатените. Но претседателот на нациноалната Асоцијација за оружје Владимир Пандовски тврди дека институциите не се доволно заинтересирани за решавање на овој проблем. Тој објаснува дека иако веке петти месец во тек е акцијата за регистрирање на нерегистрирано оружје кое служи за лична заштита граганите не се доволно информирани за тоа

„Нема никаква информација во јавноста. Нема медиумска кампања, владините институции не прават напор преку медиумска кампања граѓаните да го осознаат овој податок.“

Портпаролот на министертвото Иво Котевски со образложение

„МВР во неколку наврати објавуваше платени огласи. Граѓаните кои се засегнати, треба и мора да знаат дека треба да се обратат до надлежните служби.“

Котевски вели дека МВР засега не планира нова акција за собирање на нелегалното оружје туку тие ке делуваат со казнување на откриените случаи. Резултатот од нивната работа во првите шест месеци од годинава пак се 95 парчиња оружје запленето оружје, најмногу од нив пиштоли

„За што се преземени мерки на кривичен прогон против 128 сторителли.“

И во двете акции досега оружјето го предаваа само лицата кои се плашеа од законските санкции а не криминалците-вели професорот по разузнавање Стефан Буџаковски.

„Постојат сомневања дека постојат повеќе арсенали на оружје,“

вели Буџаковски и додава дека акциите кои би ги спроведувало министертвото само не би дале резултат

„Меѓутоа, без политичка поддршка од сите партии не може да се спроведе никаква акција, затоа што ние станавме заложници на политиката на политичките партии.“

Инаку проценките се дека најголемиот дел од нелегалното оружје во дражвава е влезно во втората половина на деведесетите години за време на кризата во Албанија.Според Буџаковски и сега постојат канали по кои се дитрибуира оружје на црниот пазар но количината кој поминува по нив е незначителна.
XS
SM
MD
LG