Достапни линкови

logo-print

Ќе успеат ли про западните демократски партии да формираат влада?


Според прелиминарните резулати на вчерашните парламентарни избори во Украина, Блокот на Јулија Тимошенко има водство од 33 насто. На второ место е про-руската Партија на Регионите на Премиерот Виктор Јанукович со нешто над 30 насто, а трета е Наша Украина на Претседателот Виктор Јушченко со 15 проценти. Прашањето е дали про-западните демократски партии од Портокаловата револуција ке успеат да ги обединат силите и да формираат влада.

Јулија Тимошенко уште ноќеска прогласи победа на вчерашните парламентарни избори во Украина. Блокот на Партијата на про западната Јулија Тимошенко и на Претседателот Викор Јушченко заедно можат да формираат влада, тврди Тимошенко по првичните резултати од вчерашните парламентарни избори. Заедно тие би требало да имаат околу 45 насто од гласовите.

„Сметам дека постои само еден начин. Демократските сили конечно да формираат еден тим и да покажат високи резулати од нивната работа. Украина конечно ќе ја изгради нејзината европска иднина. Не постои друг пат за нас.“

Меѓутоа, актуелниот премиер Виктор Јануковиќ вели дека неговата про руската Партија на Регионите е има добиено најмногу гласови. Неговиот блок заедно со комунистите би требало да добие околу 35 насто

„Значајната подршка од Украинскиот народ и подобрите резултати од изборите во 2006 се чиста потврда за Партијата на Регионите да формира нова успешна влада.“

Според Централната изборна Комисија околу 60 насто од 37,5 милиони гласачи излегле на вчерашните паралементарни избори.

„генерално, Украинците треба да си честитаат себеси. Изборите беа валидни, и според мое лично мислење според законот и демократските манири. Гласањето беше пригодно набљудувано.“

изјави Претседателот на Центраната изборна Комисија на Украина Володимир Шаповал.
XS
SM
MD
LG