Достапни линкови

Три лица убиени откако непознати лица пукале врз нивното возило


Во вооружена инцидент кој се случил синоќа околу 22,30 минути на скопскиот булевар Никола Карев загинале три лица - информираат портапаролот на министертсвото за внатрешни работи Иво Котевски.

„Ги лишиле од живот лицата Рамадан Шефки, 21 годишен, Сулејман Незири, 23 години и Фарук Дерлишта 27 годишен, сите тројца од Скопје.“

Котевски објаснува дека додека тројцата убиени со возило се движеле кон населбата Автокоманда, спроти продавницата Еуроком биле пресретнати од непознатите сторители кои од според досеганшните сознанија на полицијата со автоматски пушки пукале кон нив. Рамадан Шефки починал на лице место а другите двајца откако се здобиле со тешки повреди биле пренесени во Градската болница но по кратко време починале од здобиените прострелни рани. Заменик јавен овбинител, истражен судија и екипите на крим техника извршиле увид на местото на настанот

„Обезбедени се за вештачење 17 чаури, чиј калибар сеуште се утврдува. Патничкото возило е пренесено во кругот на МВР за понатамошни анализи, телата се предадени на Институтот за судска медицина за вршење на обдукција, се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителите,“

објаснува Котевски.
XS
SM
MD
LG