Достапни линкови

Запознаеноста на македонските граѓани со Интернетот сеуште слаба, сметаат бизнисмените


Влијанието на интернет страниците е од големо значење за развој на бизнисот.Неколку компании кој се одлучиле да отворат своја веб страна велат дека откако ја направиле,бизнисот со нивните клиенти значително се подобрил,но проблемот го наогаат во слабата запознаеност на граѓаните со интернетот.

„Во бизнисот Интернетот добро влијае на нашата фирма. Има потрошувачи, но не е како на запад. Доста од народот нема Интернет, но како и да е одиме кон подобрување.“

„Веб страната помага доста, за комуникација со клиенти, па тие не мора да дојдат кај нас во салонот.“


Постоењето на веб страниците во секојдневното работење придонесува за подобрување на бизнис климата во државава,велат упатените.

„Влијанието на веб страниците пред се зависи од самата компанија и колку таа сака дел од своето работење да го олесни преку интеракцијата со потенцијалните муштерии преку веб страницата. Влинаието е големо, особено ако префрлите дел од бизнис релациите на Интернет.“

вели Саша Гаврилович директор на порталот Маседониа експлоринг.
Споредувајки ги претходните години со сегашноста,тој вели дека фирмите се повеке се стремат кон отварање на своја сопствена веб страна.

„Секојдневно се повеќе ја согледуваат предноста на имањето на веб страница. Во 2005 година бројот на компании со веб страници беше многу мал и тој постојано расте.“

Како позитивен пример тој го посочува туристичкиот портал Маседониа експлоринг за кој вели дека откако е отворен,туризмот во земјава е подобрен и дека во споредба со земјите од соседството Македонија е чекор понапред.
XS
SM
MD
LG