Достапни линкови

Киев: Сојузниците од украинската портокалова револуција победија на изборите во Украина


Сојузниците од украинската портокалова револуција изјавија дека се подготвени да формираат нова коалициона влада откако првичните резулатите од вчерашните парламенти избори покажаа дека заедно можат да имаат мнозинство во парламентот.Премиерот Виктор Јанукович пак чија партија освои најмногу гласови изјави дека и тој може да формира влада .Како што јавуваат агенциите според првичните резулати за блокот предводен од Јанукович гласале 35,5 проценти од граганите, за партијата на Јулија Тимошенко 31,5 , а за про западно ориентираниот претседател Виктор Јушченко 13,4. Тимошенко и Јушченко беа дел од портокаловата револуција.
XS
SM
MD
LG