Достапни линкови

Трифун Костовски, градоначалник на Скопје. Градоначалничката функција не ја користам за лични цели


Господине Костовски, изминаа повеќе од две години од вашиот мандат, но на терен не се гледаат речиси никакви ефекти од вашата работа?

Да, тоа е факт. Ефектите, коишто сакаме да ги оствариме, во еден мандат ќе биде тешко да го направиме. Тоа е долгорочен процес и правиме финансиски конструкции за навистина да го промениме ликот на Скопје, и да го донесеме на ниво на коешто треба да одговара како една европска метропола. Ако почнеме со законот за градот Скопје, којшто е недефиниран и не е доследно дефинирана улогата на градот Скопје. Често пати се испреплетуваат ингеренциите и обврските меѓу градот и општините. Еден вид поделба на Скопје п оопштини, што повеќе ми наликува дека тоа е политички интерес на одредени политички партии кои сакаат да го промовираат својот интерес во одредени општини, за сметка на градот Скопје. Сметам дека тој спорен закон мора да се промени. Скопје порано или подоцна мора да се врати во своите урбани делови, затоа што со сегашната организација ние сме далеку од тоа да можеме целосно го направиме цело Скопје, далеку од аспект на финансиски можности, па и проекти кои треба да значат капитални инвестиции во градот. Тоа се огромни средства за кои не сакам ниту да помислам дека ќе можеме да ги обезбедиме. Говорам, како град.

Тогаш како ќе ги реализирате дадените ветувања? Изградбата на трамвајска мрежа беше едно од ветувањата коешто го дадовте?

Па, видете, трамвајската мрежа е во завршна фаза и во октомври месец треба да имаме физибилити студија и потоа со проектот треба да настапиме пред фондовите и со средства од ЕУ да аплицираме за помош за инвестиција во инфраструктурата за градот Скопје. Тоа е императив, и час поскоро мора да го направиме, затоа што Скопје ги надминува можностите да може да функционира само со еден вид на јавен превоз. Значи, јавниот автобуски превоз. Како алтернатива, трамвајот можеби е стар тип, но се покажува како најчист, најеколошки издржан, и економски најмногу одговара. Од тој аспект сметам дека ние сме на добар пат таа студија да ја претвориме во конкретен проект и настојуваме да обезбедиме дел грантови преку фондовите за да се финансира градот Скопје.

Господине Костовски, зошто градот Скопје сеуште не аплицирал за преземање на надлежностите од втората фаза од децентрализацијата. На ваша сметка се обвинувањата дека не може градот Скопје да биде во заложништво на само еден човек?

Па, видете, критериумите коишто ги потавија комисијата на Министерството за локална самоуправа сметам дека не беа коректни. Лесно може да го оценуваме тој што е под нас. Кога правам анализа, почнувам од себе. Колку можам навистина да одговорам на тие потреби. Не аплициравме од проста причина затоа што на извесен начин искажуваме револт, затоа што тоа не претставува втора фаза од децентрализацијата, туку најобична шминка. Ако сметате дека втората фаза е оној сегмент во којшто блок дотациите кои одеа директно кон училиштата или културните установи, тоа е обременување на градската администрација со еден сегмент повеќе во таа циркулација на средства. Не да бидеме во моментот само една структура којашто сакаме да ја покажеме пред светот, дека постои локална самоуправа, но кога ќе погледнете кои се ингеренциите и можностите на локалната самоуправа доаѓате до фактот дека тоа е само обична шминка.

Не го дефиниравте прецизно пресметувањето на наплатата на данокот за имот, поради што граѓаните добија двојно и тројно повиски сметки. Ќе ја преиспитате ли оваа одлука?

Имотот не беше ревалоризиран. Тоа е еден потег и методологија што беше утврдена од владата и парламентот. Начинот како да се пресметува данокот не беше спорен дека ние измислуваме нешто. Датата на податоци што ги добивме од УЈП беше толку хаотична што моравме сами да одиме на нејзино дооформување и ден денеска имам дописи дека одредени граѓани сеуште не се влезени во листи. Сега, од самата проценка, дозволувам дека има и грешки, но апсолутно сме отворени да одговориме на сите грешки и пропусти што сме ги направиле и граѓаните ќе си го добијат назад тоа што е направено спротивно на законот и на тоа што ни е препишано како методологија.

Значи нема преиспитување на начинот на пресметка?

Не, методологијата е утврдена. Јас дозволувам дека може да има грешки од аспект на вредноста на имотот. Тука одеше на стандарди утврдени, на пример, дали општина Центар е елитен или помалку елитен крај, се утврдува една цена по метар квадратен и на база на тоа се утврдува данокот. Сметам дека тука треба да има поголем колорит од аспект на тоа дали правилно се проценети тие даноци коишто ние ги оданочуваме.

Ја поддржавте борбата против урбаната мафија. Што конкретно направивте на теренот?

Ние не можеме да делуваме многу на тој дел според законот. И на криминалот воопшто. Јас сум отворен противник на тоа зло и застанувам зад секоја идеја преку која час поскоро ќе се стигне до некој стандард и ќе се искорени злото коешто забележувам дека е присутно малтене во сите сегменти на нашето живеење.

Во оваа насока, ја користите ли функцијата за лични интереси? Да ве потсетам, на ваша сметка беа обвинувањата Кермес, релации со Фиком?

Видете, јас сум акционер во многу претпријатија. Не сакам да го сокријам фактот дека јас имам вложено капитал во Република Македонија, во којашто функционираат одредени финансиски, производни, сервисни. Па, да речеме и инвестиција како Кермес. Јас за тоа ниту во еден момент не сум ја потврдил мојата функција со цел да го симнам злото што му се нанесува како Кермес. Тој ги има сите документи за да биде чист. Но, да не навлегувам во таа работа, затоа што неблагодарно е јас да зборувам за тоа. Но, би поставил прашање, ако знаете дека имате чиста документација и сите документи се чисти, а вие 10 или 11 месеци го гледате тој објект којшто требаше да биде завршен, сеуште стои како грдосија на градот и не се дозволува да заживее, или ако владата е одлучена дека е споменик на културата, нека го откупи, нека го врати и нека го направи таа како што смета. Но, јас максимално инсистирам моите фирми каде што сум акционер да не учествуваат во тендери. Имам едно искуство со банката Еуростандард, кога сакав да дадам поткрепа на градежните фирми со цел и јавни претпријатија да им се исплатат плати, со цел да помогнам и ми се врати како бумеранг дека јас имам лична корист. Немам лична корист и забранив на сите мои фирми да имаат било каква комуникација со градот. Било тендери, и згора на тоа бидејќи јас не сум во состојба да контролирам дали тие учествуваат на тендери или не, јас да не бидам потписник.
XS
SM
MD
LG