Достапни линкови

Нема опасност од инфлација, некои експерти повикуваат и на повисока инфлација


Последните мерки на владата за намалување на Данокот за додадена вредност за компјутерите, јавниот транспорт и лековите, а во исто време зголемување на платите за јавната администрација и пензиите како што предупредија и при неодамнешната посета претставниците на Мегународниот монетарен фонд ќе придонесе за зголемување на инфлацијата од годинешните два отсто, но сепак според нивното предупредување доколку владата се придржува до таргетот дека нема да има надминување на 1,5% од буџетскиот дефицит, инфалацијата нема да биде повеќе од три отсто. Економските експерти велат дека станува збор за контролирана инфлација која неможе да наштети на економските текови во земјата.

„Ние имаме контролирна инфлација, и да биде и два и три насто, тоа е контролирана инфлација и не влијае многу на економијата,“

смета економскиот експерт Петрит Положани. Иако Народната банка соопшти дека ќе се придржува кон оваа контролирана инфлација од околу два отсто, експертите се на став дека во одредени моменти дури инфлацијата може и да биде повисока, бидејќи велат на тој начин, преку заголемувањето на побарувачката таа и позитивно влијае врз економскиот развој.

„Инфлацијата сама по себе наметнува зголемување на побарувачката, значи генерално, во економската логика, тоа поттикнува одреден развој, се зголемува производството и вработеноста,“

Посочува експертот Положани. За да се постигне стимулирачка врз економијата инфлација, професорот Томе Неновски е на мислење дека на државава и е потребна инфлациона стапка повисока и од пет отсто.

„По мене два насто е пониска инфлација од тоа што треба да го имаме во земјава. Тоа не е развојна инфлација и се залагам за пет шест настотна инфлација,“

вели Неновски.

Иако севкупно врз економијата повисока стапка на инфлација делува стимулирачки, граѓаните сепак веќе ги чувствуваат негативните ефекти од поскапувањата на прехрамбените производи:

„Се одразува многу.“
„Ме чуди што инфлацијата ко бајаги е еден насто, два насто“


забележуваат граѓаните.
XS
SM
MD
LG