Достапни линкови

Последните случувања во и околу парламентот остава лоша слика пред странските инвеститори


Додека сеуште се рачистува што се случуваше мегу пратеницте во парламентот и надвор од него стигна информацијата дека според извештајот на Дуинг Бизнис Македонија е на 4 место мегу топ десетте најреформаторски транзициони земји. Премиерот Груевски пак мораше да го одложи својот пат за Виена но неговиот заменик Ставрески тамошните бизнисмени ги убедуваше да дојдат и да инвестираат во Македонија. Аналитичарите и економистите се согласни дека заложбите и напредокот кои ги прави владата на економски план паднаа во сенката на случувањата во парламентот и надвор од него.
Оставивме лоша слика во очите на заинтересираните странски инвеститори кои треба да го соогледаат она што го правиме на економски план - оценува ананалитичарот Алберт Муслиу

„Инцидент во парламентот не е нешто што е страно и на други собранија во светот. Но, околу парламентот и сето тоа што се случуваше. Сцени со закрвавени лица, напад на новинари, сето тоа влијае негативно врз потенцијални инвеститори.“

Преку амбасадите, свои преставници или на други начини сите информации за случувањата во земјава стигнуваат до потенцијалните инвеститори – вели професорот од правниот факултет Ванчо Узунов.

„Политичката стабилност и солидно работење на институциите, од парламентот и сите други институции, е една од битните услови за инвестирање.“

Според него пораката која ја испративме во светот е дека ни треба уште време за да созрееме како држава

„Тоа е како во свидетелство да имате по неколку предмети да имате петки, а неколку да сте пратени на полагање. Па, оној што треба да ве вработи, прашува, добро е што имаш петки, но зошто имаш единици?“

Експертите велат дека не смее да дозволиме во една област да напредуваме а во друга да одиме назад и да ја влошуваме состојбата.Сепак во регионот во кој што се наогаат предупредуваат тие еден од најбитните фактори за економскиот напредок е безбедностана сотојба.
XS
SM
MD
LG