Достапни линкови

Киднапиран Македонец во Авганистан припадник на меѓународниот црвен крст


Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата на странските агенции за четирите киднапирани лица од персоналот на мегународниот црвен крст во Авганистан од кои еден бил македонец.Од таму велат дека тие се во постојан контакт со меѓународниот комитет на црвениот крст, но во интерес на истрагата не сакаат да коментираат.

Од Републичкиот Црвен Крст пак велат дека немаат испратено никого на мисија каде било во светот.

„Лицето кое се споменува во вестите дека е Македонец, а е заробено во Авганистан, можно е да е припадник на меѓународниот црвен крст, но ниту е волонтер, ниту припадник ангажиран. За подетални информации треба да се обратите во канцеларијата на меѓународниот комитет,“

И претставникот на Мегународниот комитет на Црвениот крст во Македонија Матиас Вајнрајт ги потврди информациите за киднапираните четворица нивни претставници и додаде дека во моментот се преговара со киднаперите.

Во министерството за одбрана информираат дека во македонскиот контингент во Авганистан има 130 припадници на АРМ, од кои четворица се медицински персонал, и сите се чувствуваат добро и редовно ги извршуваат своите обврски.
XS
SM
MD
LG