Достапни линкови

Вашингтон: Преговарачката тројка за статусот на Косово ќе поднесе извештај на 10 декември


Американскиот државен потсекретар Николас Барнс синоќа изјави дека преговарачката тројка за статусот на Косово на 10 декември ќе поднесе извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации за текот на преговорите, со што ќе заврши нејзиниот мандат. Барнс одби да прецизира дали тоа ќе значи и крај на процесот за решавање на статусот на Косово. Тој исто така не сакаше да ги коментира и идните чекори на меѓународната заедница доколку Србија и Косово не постигнат договор за статусот.
XS
SM
MD
LG