Достапни линкови

Повеќето медиуми драматизираат за зголемување на гледаноста, слушаноста и читаноста


Медиумите се незаобиколен дел од нашето секојдневно живеење, а нивната слобода неприкосновено право. Според експертите, поголемиот дел од медиумите во државава кај јавноста креираат мислење дека живеат во драматично општество:

„Медиумите во Македонија главно се насочени кон навивачка и погревачка насока. Како да се натпреваруваат кој на еден настан ќе му даде подраматична димензија. Не само што е изгубен објективен критериум, генерално најголем дел од нив се во таа насока и мислат дека така ќе бидат гледани слушани и читани,“

вели социологот Илија Ацевски кој додава:

„Ударна вест, се случило нешто некој некого натепал. Тоа му се дава такво значење, се тегне случајот пет минути. Тоа води до контузија на критичност кај нашите луѓе.“

Споредувајќи ги нашите медиуми со оние во соседството Ацевски вели дека кај нив се известува пообјективно:

„Немаат трауматски пристап и не е толку драматизирано.“

Начинот на кој известуваат медиумите зависи од тоа кој е нивни сопственик, објаснува Мирче Адамчевски претседател на Советот за радиодифузија.

„Имате три телевизии чии сопственици се синовите на лидерите на политички партии и нормално дека влијае.“
XS
SM
MD
LG