Достапни линкови

Ситуацијата мирна, Собранието расправа за формирање анкетна комисија


Денеска Собранието расправа за формирање анкетна комисија која ќе ги испитува случувањата од завчера. Нејзиното формирање е по барање на ДУИ, која одлучи револтот поради како што велат континуираното државно насилство против ДУИ и Албанците да го изразат преку протести:

„По барање на членството и нашите симпатизети утре ќе одржиме протестен митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.“

вели Агрон Буџаку од ДУИ.

Ситуацијата пак, денеска е мирна, велат од МВР:

„Државните објекти и институциите се под засилено обезбедување, и ќе останат, се додека конечно не се смират сите тензии и не се утврди дека не постои опасност од евентуална ескалација или дополнителни инциденти.“

вели портпаролот Иво Котевски, кој за случајот со претепување на снимателот на АЛСАТ додава:

„Се преземаат сите неопходни мерки за целосно расветлување на случајот што е можно побрзо.“

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере апелираше:

„Апелиравме за што поскоро спроведување на истрагата. Треба да се направи се за што поскоро враќање на функционирањето на парламентот. Новинарите имаат право да бидат таму и ние длабоко жалиме за насилството кон некои од вашите колеги.“
XS
SM
MD
LG