Достапни линкови

Вашингтон: Позицијата на САД за Македонија е јасна, призната е под уставното име


,,Нашата позиција во врска со Македонија е јасна. Ние го признавме нејзиното уставно име,, повтори на редовната прес конференција во Вашингтон заменик портпаролот на американскиот Стејт Департмент Том Кејси, потенцирајќи дека Соединетите Држави сакаат прашањето за името да биде решено преку разговори меѓу Македонија и Грција. ,,Тоа постојано им го кажуваме и на македонската и на грчката влада,, изјави Кејси, наведувајќи дека Вашингтон би сакал да ја види Македонија како дел од евроатлантските структури.
XS
SM
MD
LG