Достапни линкови

logo-print

Утврдување на позициите пред преговорите


Белград и Приштина ги утврдуваат позициите пред директните разговори што треба да се одржат в петок во Њујорк. За Приштина независноста нема алтернатива, додека Белград престојот во Њујорк го користи за дипломатска акција со цел афирмирање на својот став Косово да остане во рамките на Србија.

Дипломатската офанзива во Њујорк има за цел Србија да ја покаже приврзаноста на повелбата на Обединетите Нации, велат од делегацијата на српскиот претседател Борис Тадиќ. Прашањето е дали српската дипломатија ќе успее нешто да смени и да влијае. Одредено значење има иако акцијата е задоцнета, смета Соња Лихт надворешно политичкиот совет на српското министерство за надворешни работи. Според неа, Србија се залага за симболичен, а не суштински суверенитет врз Косово. Јелена Милиќ од Форумот за меѓунмародни односи пак вели дека досегашниот модел на пролонгирање на статусот на Косово веќе не може да биде во игра.

„Би си дозволила да речам дека премиерот Коштуница успеа на српската јавност да и престави дека тој добил битка во ланецот на војната против меѓународната заедница со пролонгирање на разговорите. Мислам дека сега најинтересен детал ќе биде како работите ќе се наречат – Дали е тоа надгледуван нов статус. Мислам дека терминологијата дури и во формална смисла во докуиментите ке биде многу важна.“

За тоа што меѓународната заедница веке не е така монолитна е заслуга на Русија и, според професорот на Виенскиот институт за меѓународни односи, тоа го користи за да го продолжи процесот на преговарање. Приштина од своја страна не очекува договор со Белград. Преговарачкиот тим е подготвен за директните преговори во Њујорк и тој како што вели претседателот Фатмир Сеидуи само ќе ја искаже вољата на народот на Косово.

„Одиме да го преставиме нашиот страв дека за независноста не може да се преговара и дека таа нема алтернатива.“

Членот на косовскиот тим – лидерот ан опозиционата Демократска Партија Хашим Тачи пак додава и дека Косово одбива секаква нова врска со Србија во смисла на конфедерација федерација или нешто друго. Во поканата за состанокот во Њујорк, најпрвин е предвидена заедничка средба на делегациите на Приштина и Белград со меѓународните преставници, потоа тројката ќе одржи одвоени состаноци со двете страни.
XS
SM
MD
LG