Достапни линкови

Партиските претставници и натаму се обвинуваат и не нудат решение за излез од оваа ситуација


По синоќешното собирање на грaѓани пред зградатa на македонското собрание ситуацијата денеска е мирна откако автомобилите со кои беше блокирана улицата по 23 часот биле остранети, информираат од МВР:

„Државните институции и натаму засилено се обезбедуваат, така што се надеваме дека нема да има некои поголеми проблеми.“

вели портпаролот Иво Котевски.
Инаку до собирањето на граѓаните за кои што се шпекулира дека се активисти на ДУИ дојде по бурниот ден во собранието кој го одблежаа физичките пресметки меѓу пратениците од албанскиот блок во кои настрада и еден новинар. По таквиот развој на настаните Абдулади Вејсели од ПДП од чиј говор всушност започнаа инцидентите денеска вели дека за ваквата ситуација виновен е лидерот на ДУИ Али Ахмети и во него лежи решението за запирање на насилствата:

„Јас мислам дека состојбата вака неможе да се нормализира, се додека г-динот Али Ахмети промовира насилство.“

Од ДУИ пак, чиј пратеник Садула Дураку вчера испровоциран од говорот на Вејсели го нападна, вината ја лоцираат во парламентарното мнозинство. Според Азис Положани тоа треба да ги дисциплинира или исфрли провокатортите од своите редови. Тој додава дека во Македонија е тешко да се одговори на прашањето каде е излезот:

„Затоа што очигледно во Македонија имаме недостаток на елементарна политичка култура и разбирање што е тоа политички дијалог. Во моментот кога најодговорните во државата се однесуваат на таков неодговорен и провокативен начин вие може да замислите од каде треба да се почне со подобрувањето. Така што јас во догледно време сум песимист.“

Координаторите на пратеничките групи да ги известат пратениците дека нема да се толерира недолично однесување, на навредите од говорница ке биде исклучуван микорофонот, нема да се дозволи влегување на партиските обезбедувања - ова се дел од решенијата кои ги нуди Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ

,,Политички ќе се работи на смирување на тензијата, едноставно мостовите на комуникација едни со други треба повторно да бидат изградени.“

Лидерката на СДСМ Шекеринска пак вчера побара од мнозинството да се расчисти ситуацијата:

„Да се каже дека нема да се штитат насилниците кои што предизвикаа вакви конфликти без разлика од која партија се.“

Срамно предавство на демократскиот процес, вака во писменото соопштение ги окарактериза американската амбасадорка Џилијан Милованович вчерашните случувања и изрази очекување дека ќе бидат преземени соодветни мерки и сите инволвирани ќе бидат повикани на одговорност. Од канцеларијата на Европската унија во Скопје пак, оценија дека сето ова ја одалечува земјата од евроатланските интеграции и ги поткопува напорите за прогрес.
XS
SM
MD
LG