Достапни линкови

Изненадувачки нивните говори не беа конфронтирачки и покрај тензиите меѓу Вашингтон и Техеран


Американскиот претседател Џорџ Буш и претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад во ист ден имаа обраќање до Генералното собрание на Обединетите нации. Нивните говори, и покрај тоа што тензиите меѓу Вашингтон и Техеран постојано растат, изненадување за посматрачите беше тоа што тие воопшто не беа конфронирачки.

Буш и Ахмадинеџад не ни можеа да знаат дека во нивите говори скоро се согласуваат за две прашања. Станува збор за сиромаштијата и за реформите на Обединетите Нации:

„Дневно осумстотини милиони луѓе се изнемоштени од гладување и деветстотини и осумдесет милиони се погодени од сиромаштијата. Јазот меѓу богатите и сиромашните во некои делови на светот се зголеми за четириесет пати.“

Рече Ахмадинеџад. Не е далеку ни мислењето на Буш за ова прашање:

„И додека милиони деца гладуваат до смрт или од маларија, ние не си ги исполнуваме обврските во светот. Кога цели општества се надвор од глобалната економија, ние само ја влошуваме таа ситуација.“

Буш и Ахмадинеџад се согласуваат и околу потребата од реформирање на Светската организација, но секој од свој аспект. И додека Буш смета дека Советот на Обединетите Нации треба да претрпи измени поради тоа што не презема ништо во врска со репресивните режими во Северна Кореа, Иран и Куба, Ахмадинеџад смета дека Советот за безбедност е обвинител, судија и извршител спрема земјите кои не ги почитуваат неговите желби. За време на четириесет минутниот говор Ахмадинеџад неколку пати ја нападна американската политика, нарекувајќи ги Соединетите Држави за арогантна сила и за окупациска сила во Ирак.

„Во изминативе две години арогантните сили во Советот за безбедност се обидуваат со закана од воена сила и економски санкции да не натераат да ја прекинеме нашата нуклеарна програма. Но со верба во Господ и со нациелно единство Иран продолжува во таа работа.“

Изјави Ахмадинеџад, додавајќи декаиранското нуклеарно прашање сега е затворено и оти сега тоа е предмет на Меѓународната агенција за атомска енергија. Претходно многумина беа изненадени кога претседателот Џорџ Буш не ја спомна иранската нуклеарна програма. Впрочем тој не ја спомна ни војната во Ирак, освен во контекст на демократијата.

„Екстремистите прават се што е во нивна моќ да ги урнат овие млади демократии. Народот на Либан, Авганистан и Ирак ја побараа нашата помош и секоја цивилизирана земја е одговорна да застане со нив.“

Буш прецизира дека внатрешните реформи на Обединетите нации треба да бидат преку проширување на Советот за безбедност и притоа ја спомна можноста Јапонија да стане постојана членка на Советот.
XS
SM
MD
LG