Достапни линкови

Мајнмар: Безбедносните сили почнаа со употреба на сила против будистичките свештеници


Безбедносните сили во Мјанмар денеска почнале да употребуваат сила против будистичките свештеници и нивните приврзаници, кои ја одбија наредбата да прекинат со демонстрациите против воениот режим во земјата. Во главниот град Јангон, полицијата употребила солзавец и пукала во воздух како предупредување, со цел да ги разбие демонстрантите, а 100-тина од нив биле уапсени. Властите воведоа и полициски час. Странски влади, организации за човекови права и верски лидери, ја повикаа воената хунта во Мјанмар да покаже воздржаност и на мирен начин да ја реши кризата.
XS
SM
MD
LG