Достапни линкови

Физичка пресметка меѓу пратениците од албанскиот блок


Последниот ден од собраниската расправа за новиот изборен законик помина во знакот на физичките пресметки. Тензијата во зградата на парламентот се подигна, откако пратеникот на ДУИ Садула Дураку, го нападна Абдулади Вејсели од ПДП поради тоа што од неговиот говор се почувствувал навреден. По инцидентот што се случуваше откако собранискиот спикер даде пауза, состојбата ја објасни Вејсели:

„Кога јас се обидов да одам кон моето место позади ме удри Садула Дураки и потоа целата пратеничка група, но тука беше обезбедувањето на Собранието и случајот заврши така.“

На оваа изјава на Вејсели реплицираше пратеникот од ДУИ Џевад Адеми:

„Се срамам што господинот кој во Тетово е познат под друго име, но заради моја култура ќе го ословувам како Абдулхади уште еднаш докажа до каде е границата на лудилото.“

Ваквата атмосфера, како што тврдат пратениицте на ДУИ продолжила и на координацијата меѓу пратеничките групи, каде што од членови на ДПА била нападната потпретседателката на ДУИ Теута Арифи, на која и била укажана и лекарска помош. Потпретседателот на Собранието Бесеим Догани ги негираше тврдењата за овој настан:

„Лично бев на таа координација, таа не беше повредена туку повикана да се врати на координацијата, а не да избега.“

За ескалацијата на состојвите претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска го обвини парламентарното мнозинство и од него побара расчистување без никој да биде заштитен:

„Предупредуваме повеќе месеци, дека работите не одат на добро. Дека, за сите прашања се оди на ѓон. Дека се создава атмосфера на конфликт и таа атмосфера денеска ескалираше.“

Лидерот на опозиционата ЛДП Јован Манасиевски пак го повика МВР да преземе итни мерки за расчистување на случајот:

„Треба МВР да преземе и превентивни мерки да не дојде до ескалација на оцој конфликт и надвор од Собранието, т.е. во изборните единици на овие пратеници.“

Во меѓувреме, од обезбедувањето на ДУИ нападнат беше и новинарот на А1 телевизија Лирим Дурои. Двајца членови на екипата на ТВ Алсат беа приведени од МВР, но на патот кон полицијата ослободени.
XS
SM
MD
LG