Достапни линкови

Ќе има ли ефект?


Кон Иран мегународната заедница веќе неколку пати има воведувано санкции со цел да ги натера тамошните власти да прекинат да работат на нуклеарната програма. Сега се поставува прашањето под кои услови Техеран би го направил тоа и дали можеби нови санкции би имале ефект?

Санкциите што досега воведени кон Техеран се насочени кон индустријата за оружје и нуклеарната програма. Има ли од тоа резултати? Шенон Кили, експерт од Институтот за мир во Стокхолм вели

„Мислењето всушност е поделено за тоа. Мислам дека има консензус оти имало некакви ефекти. Но, доста се ограничени. Санкциите досега не содржеа такви казни за да ја сменат структурата, за да се поттикне Иран да прекине да работи на нуклеарната програма како што повикуваат резолуциите на Советот за безбедност.“

Русија и Кина се спротивставија на нови санкции од Обединетите нации, па повторно шансите се ограничени. За видот на санкциите Шенон вели дека во основа тие не би биле екстремни

„Не мислам дека некој зборува за нешто што би било строго, како на пример забрана за увоз на бензин или слични продукти. Мислам дека во основа се зборува за санкции кои се веке на сила и само нивна проширена употреба на повеке компании кои се поврзани и слично. Но, не се зборува да се оди понатаму со санкции, со некои екстремни.“

За ставот на Европската унија, Шенон вели дека таа и досега ги толкува пошироко постоечките санкции и укажува на еден пример. Може да се види дека резолуциите повикуваат да се преиспита давањето визи за патување на клучните фигури од иранското лидерство, Унијата оди понатаму и тоа го толкува како забрана за патување на овие лица.
Техеран постојано повторува дека продолжува со работа на нуклеранта програма. Шенон вели дека неколкупати го слушнал тоа од нив.

„Тие гледаат на тоа како на неотугиво право , дел од националната сувереност и навистина читајки мегу редови, за нив тоа значи дека се модерна држава во развиениот свет. И морам да признаам ке биде многу тешко да се најде пакет мерки што ке го натера Иран да прекине да работи на нуклеарната програма.“
XS
SM
MD
LG