Достапни линкови

logo-print

Против невработеноста преку курсеви за компјутери


Игор и Ленче се двајца млади невработени од општина Свети Николе. Тие објаснуваат дека без основни познавања на информатика и интернет, работа неможе да се најде. Со таа цел тие ги посетуваат бесплатните курсеви по информатика и основи на интернетот кој е дел од проектот на е-Македонија и е спроведуван од страна на Организација на Жени од оваа општина.

„Се стекнав со солидни познавања на Микрософт Офис, се надевам дека стекнатото знаење ќе ми користат во натамошниот живот.“
„Задоволна сум од знаењето што го стекнав и се надевам дека ќе ми користи, зашто без компјутер ништо.“


Досега 88 млади невработени лица го завршиле курсот, велат од Организацијата на Жени.

„Целта на проектот е обука на лица од 18 до 30 години, од различен пол, национален и етнички состав, не се вработени и се од општина Свети Николе. Тие се обучуваат во рок од девет месеци, а по завршувањето на обуката тие добиваат сертификати за познавање на работа со компјутер,“

вели Фросина Мишева проект менаџер и додава дека со овој проект им овозможуваат на младите да се обучуват и оспособат за помасовно да користат компјутери и интернет а со тоа да си ги зголемат можностите за вработување.

Освен во Свети Николе,проекти од овој тип биле подржани и во други општини во Македонија велат од фондацијата е-Македонија.

„Според утврдените критериуми беа поддржани проекти од повеќе општини со што беше запазен регионалниот критериум. Акцент беше ставен врз едукацијата на конкретни групи, како невработените лица,“

вели Славе Младеновски, координатор на секретаријатот на оваа фондација.

Според анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии, спроведена од државниот завод за статистика во април годинава,околу 40 проценти од анкетираните граѓани се изјасниле дека употребувале компјутер, додека пак Интернет, околу 30 отсто.
XS
SM
MD
LG