Достапни линкови

Њујорк: Иранскиот претседател Ахмадинеџат денеска ќе се обрати на Универзитетот Колумбија


Иранскиот претседател Ахмуд Ахмадинеџат пристигна во Њујорк каде ќе има обраќање на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Тој денеска треба да одржи говор во Универзитетот Колумбија поради што се одржуваат протести. Универзитетот неговото обраќање го брани со слободата на говорот, додека опонентите му забележуваат на Ахмадинеџат за негирањето на Холокаустот, за заканите дека ќе го уништи Израел и намерите да изгдари нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG