Достапни линкови

Њујорк: Иран не е на пат за војна со Соединетите држави, изјави Махмуд Ахмадинеџад


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во интервју за американската мрежа Си Би Ес изјави дека неговата земја не е на пат за војна со Соединетите држави. Тој исто така изјави дека Иран нема потреба од нуклеарна бомба. Ахмадинеџад пристигна во Њујорк каде се очекува да има обраќање на Универзитетот Колумбија, а утре ќе се обрати и во рамките на 62-то Генерално Собрание на ОН. Противниците на иранскиот претседател одржуваат протести поради неговото доаѓање во Њујорк.
XS
SM
MD
LG