Достапни линкови

Приштина: Не може да дојде до компромис со Србија за статусот на Косово


Членот на приштинскиот преговарачки тим Хашим Тачи оцени дека со преговори со Србија не може да се дојде до компромис за статусот на Косово и додаде дека Приштина останува на ставот за независна и суверена држава. Направивме многу отстапки посебно по прашањето за малцинствата, рече Тачи. Тачи кој е претседател на Демократската партија на Косово наведе дека сегашниот статус кво не може да продолжи и дека покраината е подготвена за независност.
XS
SM
MD
LG