Достапни линкови

Сеуште има лица во Иран на кои не им е дозволено напуштање на земјата


Техеран овој месец дозволи две жени од Иран со американско државјанство да се вратат во Соединетите држави. Тие беа обвинети дека работат против националната безбедност на иранската држава. Но сеуште има лица на кои не им се дозволува да го напуштат Иран, а едно лице е исчезнато.

Аналитичарите велат дека одлуката на Техеран да им дозволи на Халех Есфандиари, научен работник и на новинарката на Радио Слободна Европа, Парназ Азима да се вртат во Соединетите држави овој месец покажува дека Техеран повеке не гледа добивка од тоа што ке ги задржи во Иран.

Сепак иранските власти задржаа уште две лица кои имаат и американско државјанство. Станува збор за Киан Тајбакш кој е консултант и работи во Институтот Отворено општество. Тој беше задржан во Иран заедно со Есфандиари во мај и се соочи со исти обвинувања дека делува спротивно од она што се иранските национални интереси. Техеран дозволи тој да биде ослободен од затвор со кауција, но не може да ја напушти земјата.

Уапсено е уште едно лице од Иран со американско државјанство. Али Шакери, активист и бизнисмен кој работи на универзитетот во Калифорнија. Тој беше уапсен на аеродромот во Техеран кога ја напушташе земјата за да замине во Европа. Во јуни беше потврдено дека е задржан во затвор, но не и во кој. Во август заменик обвинителот изјави дека овој случај не е поврзан со случаите на Есфандиари и Тајбакш. Тој рече - сеуште не е време да дадеме комплетни информации за неговата ситуација.

Во Иран има и еден случај на исчезнат. Станува збор за Роберт Ливинсон поранешен агент на ФБИ за кого ништо не се знае од март кога бил на островот Киш во потрага по информации за криумчарење со цигари.
Неговата жена Кристин Ливинсон постојано е во потрага по информации за својот сопруг. Таа смета дека иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџат може да го најде и сака да побара помош од него, но никако не може да договори ниту кратка средба.Таа смета дека нејзиниот сопруг е сеуште во Иран, веројатно на островот Киш.

„Јас навистина немам информација, од онаа дека последно место каде е виден е островот киш, немаме податоци дека ја напуштил земјата. Па јас навистина верувам дека сеуште е таму“

Побарано е да се испрати и тим на островот за да се испита случајот, но иранските власти велат дека им се потребни повеке информации за да дозволат таква посета.
XS
SM
MD
LG