Достапни линкови

Вашингтон: САД очекуваат нови санкции на ОН кон Иран


Вашингтон очекува Обединетите Нации да воведат нови санкции спрема Иран во следниве недели поради нуклеарните амбиции на Техеран, изјави американскиот амбасадор Зелмај Кализад. Неговиот коментар доаѓа по изјавата на францускиот Претседател Никола Саркози, кој директно го обвини Иран дека сака да направи нуклеарно оружје и кој исто така сугерира пожестоки санкции спрема Техеран. Шефот на Меѓународната Агенција за Атомска енергија Мухамед ел Барадеј пак изјави дека Иран не преставува итна закана и побара на мирот да му се даде шанса.
XS
SM
MD
LG