Достапни линкови

Нема договор за судските реформи и амбасадорските места


Нема договор меѓу премиерот и претседателот во врска со пополнувањето на амбасадорските места и со докомплетирањето на Судскиот Совет, ова го изјави премиерот Груевски по денешната средба со Црвенковски во претседателскиот кабинет:

„По прашањето за амбасадорите имаме два наши предлози одбиени и еден од негова страна кој што дополнително ќе го разгледаме и по прашањето за Судскиот совет оставивме во попладневните часови да разговараме на таа тема кога ќе биде присутна и ДУИ.“

Што точно ќе се разговара на состанокот во Клубот на пратениците Груевски не сакаше да објави. На состанокот на лидерите и претставниците на четирите најголеми партии ќе присутвува и претседателот Црвенковски кој по средбата со премиерот не даде изјава. За другите две теми за кои разговарале, односно спорот за името со Грција и состојбата во земјава во пресрет на решавањето на статусот на Косово како што изјави Груевски имале идентични ставови:

„Третата тема беше поврзана со прашањето за името и односите со нашиот сосед Грција и тука ги афирмираме досегашните позиции, изградивме и нови позиции за одредени детали. Четвртата тема беше поврзана со прашањето за Косово и прашањето околу можните расплети во иднина и евентуалните реакции на Република Македонија и по ова прашање мислам дека горе-доле имаме блиски ставови.“

Инаку денешната средба доаѓа по медиумските преписки меѓу претседателот и премиерот за тоа каде ќе се состанат. На помалку од две недели пред извешатајот од европската комисија во кои се очекува како најголем проблем да бидат посочени закочените судски реформи, институциите и партиите се мобилизраа да најдат решение. Вчера ваквиот нивни потег како позитивен го оценија преставниците на меѓународната зеедница. Амбасадорите на Европската Унија и САД предупредија дека од овој напредок во решавањето на овој проблем ќе зависи и напредок на државава во процесот на интеграциите. Средбата која во Клубот на пратениците треба да започне во секој момент и на која ќе присуствуваат покрај премиерот и претседателот и лидерите на СДСМ Радмила Шеќеринска, на ДПА Мендух Тачи и потпреседателката на ДУИ Теута Ариуфи е една од низата кои веќе ги одржаа лидерите, но не успеаа да најдат заеднички позиции за судските реформи.
XS
SM
MD
LG