Достапни линкови

Почна со работа Академијата за судии и јавни обвинители


Преку едукација и професионално усовршување во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители ќе се обезбеди професионално, независно, непристрасно и ефикасно судство во државава што е основна национална цел и дел од клучните реформи за државните евро-атлантски интеграции, оцени премиерот Никола Груевски на почетокот на работата на Академијата за судии и јавни обвинители каде во наредните десет месеци ќе се обучува првата генерациија на кандидати за овие

„ Токму Академијата за обука на судии и јавни обвинители ја има таа цел да обезбеди компетентно, професионално, независно, непристрасно и ефикасно вршење на судиската и обвинителската функција преку селекција, организирање и спроведување на почетна обука.“

Поздравувајки го стартот со работа на Академијата, и притоа потенцирајќи ја важноста од спроведувањето на реформите во судството пред одлуката на НАТО наредната година за натамошно проширување во амбасадорот на Соединетите држави во земјвава Џилијан Миловановиќ забележа поради доцнењето со реформите во правосудството, и потребата од посериозен пристап:

„Важно е Владата и опозицијата да работат заедно без натамошни задоцнувања за донесување на Законот за јавното обвинителство и Управните судови. Охрабрени сме од претседателот, премиерот и лидерите на политичките партии вклучувајќи ги и оние од опозицијата, во нивната намера да преземат итни, конкретни чекори за да го финализираат комплетирањето на Судскиот Совет, што е приоритет за НАТО аспирациите на Македонија.“

истакна Миловановиќ.

За амбасадорот на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере почнувањето со работа на Академијата преставува чекор напред во спроведувањето на судските реформи:

„ Реформите во правосудството ќе ги отворат вратите за преговори во ЕУ, а со тоа Македонија ќе стане поинтересна и за странските инвеститори. Академијата ќе придонесе во независноста на судството, без политичко влијание. Но, Европската унија бара да види напредок и во другите области на правосудските реформи“.

Изјави Фуере. 27 кандидати во рамки на првата генерација ќе ја посетуваат обуката во Академијата, од завршените кадри ќе се регрутираат идните судии и јавни обвинители. Во Академијата постојано ќе се едуцираат и нотари и службеници во Министерството за правда. Таа е е независна институција, со сопствен буџет.
XS
SM
MD
LG