Достапни линкови

Лондон: Започна состанокот на посредничката тројка за Косово со делагацијата на Приштина


Посредничката тројка на Контакт групата за Косово данеска во Лондон го започна состанокот со делегацијата на Приштина предводена од Претседателот Фатмир Сеидиу и Премиерот Агим Чеку – ден по средбата со делагацијата на Белград. По оваа средба тројката ќе има консултации со политичките директори на Контакт групата. Премиерот на Косово Агим Чеку изјави дека ќе побара објаснување на изјавата на претставникот на Европската Унија Волфганг Ишингера за реалистично решение за Косово односно силно надгледуван статус без етикети како независност или автономија.
XS
SM
MD
LG