Достапни линкови

Еднаквост на граѓаните и претпријатијата што остваруваат приходи


Полнење на државната каса и создавање навика кај граѓаните да плаќаат данок на камата како што плаќаат данок и од другите видови на приходи. Овие според економските експерти ќе бидат ефектите од воведувањето на персонален данок на каматите на орочени штедни влогови. Според проф. Тихомир Јовановски ваквата владина мерка може да ги зголемеи каматните стапки.

„Има уште една димензија, а тоа е еднаквоста на граѓаните и претпријатијата што штедат и остваруваат приходи во вид на камата.“

Од министерството за финансии велат дека најголема добивка од воведувањето на данокот за штедење ќе имаат граѓаните и бизнисмените. Можноста дека ваквата мерка ќе предизвика намалено штедење во банките, од министерството за финансии ја отфрлаат.

„Не се работи за тоа, доколку се оди по таа логика тогаш воопшто граѓаните и формите не треба да го користат платниот систем. Едноставно, треба да биде оданочено се што луѓето остваруваат како доход, со најниска стапка во Европа од десет насто,“

изјави Мартин Мартиновски, портпаролол на министерството за финансии
Од банките се резервирани околу последиците кои воведувањето на овој данок ќе ги предизвика. Прерано е да се коментираат можните ефекти од данокот на штедење, но не очекуваме штедењето во банките да трпи нагли промени, изјави Габриела Стојановска, директор во секторот за одделение во Комерцијална банка.

„Тука пред се би требало да се разгледаат неколку димензии. Прво, е сигурноста на депонирањето на средства во банка. Како и во моментов не постоењето на алтернативни начини на вложување на средства со цел да се оствари приход.“

Стојановска укажува дека во земјава има тенденција на зголемено штедење во банките. Според статистичките податоци, депозитите во банките во 2006 година во однос на претходната година пораснале за 34 проценти, а во првите пет месеци за 13 проценти. 40 отсто од штедните влогови се по видување, а 60 отсто орочени.
Оданочувањето на каматите е обврска на физичките лица , а ќе почне да се применува од јануари следната година. Од министерството за финансии објаснуваат дека банките ќе вршат пресметка на данокот и ќе го уплатуваат во Управата за јавни приходи. Граѓаните пак ќе имаат обврска да ги пријават и приходите од камата во годишната даночна пријава за 2008 година.
XS
SM
MD
LG