Достапни линкови

Односите со Иран нарушени поради поддршката на Техеран на анти сојузничките сили во делови од Ирак


Подолго време се бара од соседите на Ирак да и помагаат на владата во оваа земја. На тоа во интервју за радио Слободна Европа апелира и ирачкиот министер за надворешни работи Хосијар Зебари. Ситуацијата во Ирак ке биде тема и на состанокот што ке се одржи кон крајот на октомври во Истанбул.

Вашингтон често упатува критики на адреса на Техеран дека ги снабдува со оружје групите кои се борат со коалициските сили во јужниот дел на Ирак. Оттука и прашањето како може да се опише политиката на Техеран кон Ирак, дали таа помага или не? Министерот за надворешни работи на Ирак, Хосијар Зебари во интервју за Радио Слободна Европа вели

„Ние бевме многу јасни и директни кон нив за сите прашања, за интервенција, за корисност или некорисност на улогата што ја имаат и бевме многу искрени на еден начин, политички Иран ја поддржува владата, политичкиот процес и така натаму, но ние инсистиравме тоа да биде преточено во конкретни активности на терен. И ако има желба да се поддржи владата, таа поддршка треба да биде насочена кон владата, не кон милитантите, или не кон бунтовничките групи каде и да се. Ние како земја многу очекуваме од нашите соседи, да бидат повеке од помош и наскоро ке се одржи состанок во Истаnбул каде сите партнери, Соединетите држави и претставници од други земји ке дискутираме за тоа на 31 октомври и на 1 ноември.“

Гледајки на состојбата во центарлниот дел на Ирак, Вашингтон вели дека е охрабрен од соработката мегу сунитите и американските сили во борбата против Ал Каида во тој дел. Води ли ова кон поголема соработка мегу сунитските националистички групи и владата во Багдад. Зебари вели да и додава

„Ние ги гледаме плодовите од тоа во Анбар, во многу делови на Дијала, во некои делови на Багдад и така натаму и ова е многу позитивен развој, но во исто време мора да бидеме претпазливи да не се појавуваат нови милитанти“

Ирачкиот министер за надворешни работи Зебари кажува и дека нивните сили се движат кон Басра за да се превземат одговорностите поради поодготовките за повлекување на дел од британските трупи од тој дел на земјата.
XS
SM
MD
LG