Достапни линкови

Градоначалникот ветува решавање на проблемот, граѓаните скептични


Снабдувањето со исправна вода за пиење што веке четири години преставува проблем за светиниколчани веке од октомври годинава ке биде решен,вели Слободан Даневски, градоначалник на општина Свети Николе. Тој објаснува дека поради поништувањето на првиот тендер не успеале да го завршат овој проект до септември како што беше најавено пред неколку месеци.

„Најниската понуда беше 13 милиони денари поскапо. По законот за јавни набавки не смеевме да земеме обврска. Веќе е поставена трафостаница и до 15 октомври треба да се комплетира проектот.“

На ова ветување од градоначалникот,граѓаните на оваа општина велат дека е само уште една лажна надеш која секоја година локалните власти им ја давале.Тие посочуваат дека досега водата ја користеле само за наводнување на бавчите.

„До кога вака ќе биде не знаеме? Секоја година ни се ветува дека ќе се пушти водата.“
„Не ја користиме водата ниту за готвење, за миење овошје и зеленчук, туку само за миење на бавчите.“


Светиниколчани исто така потсетуваат дека во годините изминати со загадената вода се здобиле со секакви болести.

„Не е убава водата ниту за бањање.“

Штетното влијание на водата врз здравјето на овие граѓани го потврдуваат и локалните лекари. Од здравствениот дом велат дека поради 100 процентното хемиско загадување, водата не смее да се употребува за пиење и готвење и дека освен што водата има иритирачко дејство на кожата и очите таа е и канцерогена. Според нив бројот на заболени од малигни заболувања во последните десет години е зголемен, причината ја наогаат во канцерогените трихалометани кој се присутни во водата од водоводната мрежа.

Загаденоста на светиниколската вода ја потврдуваат и од Републичкиот завод за здраствена заштита. При испитувањата кои ги направиле минатата година на водата од акумулацијата Мавровица, во неа Ппронашле амонијак матност, железо и манган.
XS
SM
MD
LG