Достапни линкови

Москва: Посета на шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер


Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер денеска во Москва разговара со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. Една од темите се можните нови санкции на Обединетите Нации против Иран поради неговото одбивање да запре со збогатувањето ураниум. Кушнер деновиве изјави дека светот мора да биде подготвен и за евентуална војна со Иран поради неговата нуклеарна програма. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави денеска дека коментарите во медиумите се различни од реалните позиции.
XS
SM
MD
LG