Достапни линкови

logo-print

Брисел: Денеска потпишување на спогодба за олеснување на визниот режим


Министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, денеска во Брисел ќе потпишат спогодби за олеснување на визниот режим и за реадмисија со Европаската Унија. Од името на Унијата, спогодбите ќе ги потпишат евро-комесарот за правда и безбедност Франко Фратини и португалскиот министер за внатрешни работи Антонио Да Коста. Спогодбите ќе стапат во сила по ратификацијата во Европскиот Парламент и во Парламентите на овие балкански земји. Албанија ќе потпише само спогодба за визни олеснувања, бидејки претходно го има парафирано договорот за реадмисија.
XS
SM
MD
LG