Достапни линкови

Брисел: Македонија и ЕУ ќе потпишат спогодба за визно олеснување


Македонија и Европската Унија ќе ја потпишат спогодбата за олеснување на визниот режим со која од 1 јануари идната година околу 20 категории македонски грагани полесно ке вадат повекекратни и долгорочни визи за влез во Унијата. Спогодбата ке важи за сите земји членки освен за Данска, Велика Британија и Ирска. Во неа се содржани и одредби дека визното олеснување е преодна фаза кон воспоставување на безвизен режим на патување кој ќе се воведе врз основа на позитивната оцена за напредокот на земјата во спроведувањето на реформите. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, еврокомесарот за безбедност и правда на Франко Фратини и министерот за внатрешни работи на Португалија Антонио Луис Сантос да Коста покрај оваа спогодба ке го потпишат и договорот за реадмисија.
XS
SM
MD
LG