Достапни линкови

Париз: Средба Кушнер-Лавров


Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер кој од синојка престојува во дводневна посета на Москва денеска ке се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.Како што јавуваат агенциите една од главните теми на разговорот се очекува да биде решавањето на идниот статус на Косово. Покрај за ова Кушнер и Лавров се очекува да разговараат за иранската нуклерна програма, односите мегу Европската Унија и Русија и други безбедносни прашања. Францускиот министер вчера предупреди дека светот треба да се подготви за војна со Иран доколку се покаже дека санкциите не се доволни за да го натераат Техеран да се откаже од својата нуклерна програма.
XS
SM
MD
LG