Достапни линкови

Багдад: Уапсени 12 ирачани поради шверц на оружје од Иран


Американската војска соопшти дека вчера привела 12 ирачани осомничени дека шверцувале оружје од Иран.Според војската осомничените собирале и дистрибуирале експлозивни матријали за нагазни мини. Еден од приведените бил поврзан со елитните сили на иранската револуционерна гарда. Техеран негираше дека ги снабдува ирачаните со оружје, но командантот на американската војска во Ирак Дејвид Петраеус изјави дека минатата недела протокот на оружје од Иран бил зголемен.
XS
SM
MD
LG