Достапни линкови

До крајот на неделата ММФ ќе се изјасни за мерките на Владата


Меѓународниот монетарен фонд и министерството за финансии ги започнаа преговорите за третиот преглед од стенд бај аранжманот што Македонија го има со ММФ, а во чии рамки треба да се разгледаат и новите мерки што владата ги презеде во поглед на намалувањето на Данокот на Додадена Вредност за лековите, јавниот транспорт, компјутерите и сончевите колектори, а од друга страна донесе одлука да ги зголеми платите за администрацијата и пензиите. Во Министерството за финансии велат дека не очекуваат некои спорни моменти:

„Генерално министерството за финансии не очекува некои спорни моменти и останатите мерки што ги презеде владата, се позитивно прифатени и забележани од страна на Фондот.“

вели портпаролот на министерството за финансии Мартин Мартиновски кој за информациите во медиумите дека сепак може да се очекува владата и ММФ да се ,,судрат,, околу намерата за покачувањето на пензиите додава:

„Генерално и она што вчера беше изјавено од шефот на ММФ Марк Грифитс е дека тие се задволни од тоа како владата ја спроведува политиката го забележуваат нели рапидниот раст.“

И додека оваа власт постојано вели дека нема да има ограничувања од Меѓународниот монетарен фонд за спроведувањето на зацртаните мерки, во минатото неможноста да се реализираат некои чекори се правдаа со одговорот дека тоа не го дозволува ММФ. Слободан Најдовски од опозиционата ЛДП вели дека станува збор само за првичен впечаток кој дава таква слика дека претходната влада штедела:

„Впечатокот според мене е привиден бидејќи вкупните приходи според мене, од овие мерки на владата остануваат исти со проширувањето на основицата на одданочување.“

изјавува Најдовски.

Експертите потенциираат дека Мегународниот монетарен фонд постојано се инволвира во политиката поради што се добива впечатокот дека тој на една влада и дозволува, а на друга не, да спроведува одредени економски чекори. Економскиот експерт Абдулменах Беџети вели дека имено ММФ го интересира само фискалната стабилност:

„Мислам дека треба да престане менталитетот на употреба на ММФ како алиби за одредени рестрикции. ММФ во принцип не ограничува никакви намери на политиките на владата, доколку покажете дека може да бидете издржани на долг рок.“

Меѓународниот монетарен фонд на крајот од состаноците неделава ќе се изјасни за мерките што ги донесе актуелната владата.
XS
SM
MD
LG