Достапни линкови

Сојузот на Албанци во светот демантира дека имало такви идеи и предлози


Македонија ја сметаме како трета албанска држава на Балканот и ке се стремиме кон државна форма на обединување на албанските држави во регионот - ова како што пренесуваат медиумите го изјавил Миљаим Фејзиу на основачкото собрание на Сојузот на Албанците во светот кое се одржа деновиве во Тетово. Со професорот на тетовскиот факултет Фејзиу стапивме во телефонски контакт но тој одби да ги коментира ваквите написи. Историчарот Веби Џемаили пак кој исто така бил учесник на собирот ги негира ваквите изјави.Вели се зборувало само за духовно обединување

„Немаше таква декларација и сеуште во таа насока не можам ништо да изјавам, затоа што немаше таква идеја ниту предлог.“
„Значи немаше таква изјава од типот дека Македонија е трета албанска држава како што беше пренесено во некои македонски медиуми?“
„Не, не.“


вели Џемаили и додава дека преставниците на албанците од целиот свет дискутирале општо за политичките и еконмските проблеми и не донеле конкретен заклучок.

Секој има право на свое мислење но идеите за државно обединување на Албанците не се раширени во голема мера во интелектуалните кругови - оценува аналалитичарот Алберт Мулсиу

„Во секој случај сите изјави кои во овој момент се даваат, кога Балканот минува низ одлучувачки моменти, статусот на Косово е тежок момент за Балканот и сите изјави од ваков тип не се многу конструктивни.“

Неодмна во интевју за радио Слободна Европа и албанскиот амбасадор во Македонија Владимир Преља изјави дека треба да се остранат таквите идеи кои според него се спротивни од заложбите за стабилност и добрососедство.

„Јас мислам дека таквите концепти како голема Албанија, голема Македонија, голема Србија се еден речник кој е наследен од тоа време кога Балканот се нарекуваше буре барут. Мислам дека денес овој поим повеке е последица од концептот отколку од релноста. Фактот е во тоа што никогаш не постоела голема или мала Албанија туку само Албанија и Албанци и во политиката на република Албанија, на албанската дипломатија и албанска политичка реалност денес е ваквите концепти кои се поврзуваат со шовинистички менталитети или со тенденции кои одат во спротивност од добрососедството и се против стабилноста на регионот, дефинитивно да се остранат. Јас ова го изјавувам во смисла на мојата службена положба.“
XS
SM
MD
LG