Достапни линкови

Предлози за помирување меѓу семејствата на загинатите Македонци и Албанци


Поминаа шест години од воениот конфликт во 2001 година кој резултираше со повеке од 130 жртви. Еден од оние кои учествувале во конфликтот како резервен полицаец раскажува дека иако тогаш застанал да се бори за државата,сега е без работа и преживува со минимален приход.

„Јас имам жена и две деца. Ниту жена ми работи, ниту јас, само со една пензија сум, воена инвалиднина од седум илјади денари.“

Тој исто така објаснува дека досега неколку пати поднел барање за вработување во Министерството за внатрешни работи, но одговор сеуште немал.

„Сега сме без работа. Има барање до полиција, но сеуште немам одговор. Ги барам моите документи, не можам да ги најдам, а никој нема да помогне. Кога требаше, ние застанавме во одбрана на оваа држава, а сега кога треба да ни вратат, ни оспоруваат.“

Со цел за остварување на правата на жртвите од воениот конфликт, деновиве здружението на ранети и членови на семејствата на загинати припадници на вооружените сили на Македонија испрати писмо до здружението на Албанци за помирување.

„Ние имавме во писмото намери за помирување, демократски да разговараме за нашите и нивните барања. Тие и ние да си ги бараат своите права, без тоа нема демократско општество,“

вели Надица Мирчевска претседател на здружението на македонските бранители.

Но нејзиното барање некои македонски семејства не го прифакаат.Славица Серафимова чиј син загина во воениот конфликт вели дека оваа барање е испратено самоволно од страна на Мирчевска.

„Ниту еден од родителите се нема сложено.“

За оваа мислење на родителите пак Мирчевска вели….

„Семејствата малку брзаат, треба секое семејство да размисли што е тоа помирување. Ние во нашите редови имаме и Македонци и Албанци и Турци и Роми, без помирување нема соживот и не можеме да застанеме и да бараме права, ниту ние, ниту тие.“

Од Здружението на семејствата на Албанците и на воени ветерани од поранешна ОНА велат дека албанските семејства се спремни да го прифатат помирувањето,но тие посочуваат дека прво треба да се склучи примирје помеѓу политичките партии.

„Прво треба такво помирување да има меѓу политичките елити во земјата. Бидејќи, фамилиите на загинатите немале ништо против себе, па фамилиите на Албанците се спремни за такви средби,“

објаснува Рафиз Алити,член на Здружението.
XS
SM
MD
LG