Достапни линкови

Вашингтон: САД ја повикаа Турција да игра поактивна улога на Блискиот Исток


Заменик-државниот секретар на Соединетите држави Николас Барнс ја повика Турција да игра поактивна улога на Блискиот исток и додаде дека по изборот на новата влада започнува и нов период во односите меѓу Турција и Америка, јавуваат агенциите. Оваа изјава Барнс ја даде непосредно пред неговата посета на Анкара и Истанбул во текот на следната недела. Американскиот дипломат ги окарактеризира изборите во Турција како историски и рече дека тие покажале колку е силна демократијата во земјата. Турција е највлијателната демократија во муслиманскиот свет, рече Барнс, кој ги нарече турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган луѓе, во кои може да се има доверба.
XS
SM
MD
LG