Достапни линкови

Слободата на религијата клучна за победа над омразата и религиозната недоверба, изјави Кондолиза Рај


„Слободата на религијата е интегрален дел од нашите напори со цел да ја победиме омразата и религиозната недоверба која е како гориво за глобалниот тероризам,“

изјави Кондолиза Рајс шефицата на Стејт Депертментот по повод 6 тата годишница од нападите на Америка. Во годишниот извештај на американскиот Стејт Депертмент за меѓународните религиозни слободи се наведува дека проблеми во оваа сфера има во земји со нарушена безбедност и дека религиозните слободи се жртва на не домократијата. Во Ирак се нотираат верските насилства. Проблеми има во Авганистан и Пакистан. Се наведува и група од 8 земји за која постои загриженост - Иран, Кина, Узбекистан, Северна Кореја, Судан и Саудиска Арабија, Еритреја и Бурма. Од европските земји, покрај Белорусија се спомнуваат рестриктивните закони во Романија и Словачка и работата на Стејт Департементот со владите за надминување на проблемите Во извештајот за Македонија се наведува дека генерално се почитуваат човековите права со извесни ограничувања при регистрацијата на верски организации и изолирани извештаи за дискриминација. Се наведува деке американската амбасада во Скопје дискутирала со владата и религиозните групи за подршка на законот за верските заедници, кој е согласно мегународните стандарди.
XS
SM
MD
LG