Достапни линкови

Демократите реагираа дека претседателот не дал одговор како да заврши или продолжи војната


Американскиот претседател Џорџ Буш во обраќањето до нацијата рече дека воената стратегија на Генерал Дејвид Петреус и Амбасадорот Рајан Крoекер во Ирак е нешто што сите американци можат да го прифатат без разлика дали ја подржуваат војната. Буш порача дека војниците ќе бидат повлекувани етапно од Ирак со цел да се исполнат моралните обрски кон земјата и да не се дозволи Ирак повторно да стане закана за Соединетите Држави. Опозиционите демократи реагираа дека Претседателот сепак не дал одговор како да заврши војната или како ќе ја продолжи.

Според американскиот претседател Џорџ Буш сите американци без разлика дали ја подржуваат војната сакаат војниците што поскоро да се вратат дома. Буш порача дека во рамките на етапното повлекување до крајот на годинава ке се вратат во Америак 5700 војници.

„Американците сакаат нашаат земја да биде безбедна и нашите трупи да се враќаат во Ирак. Сега кога се гледа дека мерките даваат успех во Ирак ние можеме да започнеме со враќање на војниците дома.“

Претходно во сведочењата на Генерал Петреус и американскиот амбасадор во Ирак Крокер тие најавија дека до идното лето ке можат ад се повлечат 30 те илјади војници кои претходно беа дополнително испратени во Ирак. За потоа, шефот на американските сили во Ирак, рече дека ке даде извештај во Март идната година. Тие порачаа дека има извесен прогрес од владата на премиерот Малиќи за обнова на довербата меѓу сунитите и шиитите. Буш исто така рече дека тоа се први чекори за обединување на ирачаните.

„Ирачките лидери направија некои работи. На пример го донесоа буџетот. Ги делат приходите од нафтата со провинциите. Им дозволија на поранешните членови на Баат партијата да исе приклучат на армијата и да добиваат пензии. Локалната обнова е во тек. Клучно сега е поргресот во провинциите да се поврзе и со прогрес во Багдад. Ако се менува локаната политика ќе се менува и националната.“

Буш сепак предупреди дека доколку американските сили го напуштат Ирак а се вратат напаѓачите на Ал Каеда последиците ќе бидат очигледни не само во Ирак туку и на целиот Блиски Исток. Демократите кои го освоија Конгресот делумно и поради непопуалрноста на војната во Ирак, по говорот на Буш рекоа дека неговиот план е неприфатлив. Сенаторот Џек Рид рече дека Буш пропуштил и да го прошири она што генерал Петреус го кажа дека основниот проблем во Ирак не е воениот.

„Нашата армија може на воено поле секого да порази. Сепак генерал Петреус рече дека основниот проблем во Ирак не е воениот туку политичкиот. Единствен начин да се постави долготраен мир е ирачките лидери да се договорат и да ги надминат разликите.“

Според Рид бескрајното воено присуство во Ирак е неприфатливо за демократите.
XS
SM
MD
LG