Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џорџ Буш објави постепено намалување на американските сили од Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш објави постепено намалување на американските трупи во Ирак. Во телевизиското обраќање до нацијата Буш истакна дека до крајот на годинава од Ирак ќе бидат повлечени 5 700-тини војници, а потоа ќе се продолжи со постепено повлекување на дополнителни сили до јули 2008-та година. Претседателот Буш истакна дека имено ги прифатил забелешките на генералот на американските трупи во Ирак Дејвид Патреус за намалување на силите од сегашните 20 на 15 бригади до јули наредната година, при што најави дека натамошното смалување на бројот на силите ќе зависи од „успехот на теренот“.
XS
SM
MD
LG