Достапни линкови

logo-print

Забава за народот во недостаток на конкретни резултати за „билдање“ на рејтингот


Постои апсолутна поврзаност меѓу криминалните афери и политичко безбедносната ситуација во земјава, оценуваат политичките аналитичари. Иако секоја влада конкретните акции против криминалните стуктури ги правда со определбата да се стави крај на корупцијата, опозицијата обвинува дека со ваквите афери се прикрива реланите проблеми. И за аналитичарите е симптоматичен тајмингот на ваквите мерки.

„Билдањето на рејтингот е основниот услов за стварање на вакви тези. Значи, борба против организираниот криминал, ако се неправилни приватизации, тоа да си оди, да нема препреки и да не се актуелизира во даден момент по потреба. Тоа е лоша политика и мислам дека запад не чита и праќа пораки и сигнали да престанеме со овие ступидни работи, да се фатиме за работа и да се направи она што треба да се направи,“

Изјави проф. Владимир Пивоваров од Факултетот за општествени науки.

Во трката по секоја цена да се постигнат резултати во борбата против корупцијата се прават и пропусти, посочува Ризван Сулејмани од Институтот за политички студии. Последните случувања во земјава, покажуваат дека немаме јасна слика за тоа што ни се случува, вели Сулејмани

„Најдрастични се последните во Матејче, кога имаше непланирана акција, по секоја цена да се направи. Ова не е битка против криминалот, туку битка за забава на народот, во ситуација кога нема што да му понудиш, забава за народот и меч за непослушните.“

Според Сулејмани пак во државава недостасува стратегија во борбата против криминалот и корупцијата.

„Непишано правило е дека кај сиромашните земји има криминал и корупција, а од друга страна тие придонесуваат за сиромашни држави. Прашање е од каде да се почне, што е побитно кокошката или јајцето? И затоа се прави стратегија за овие работи, како што направија неколку држави.“

За криминалните афери не треба да има политички отстапки, посочуваат експертите според кој секое сомневање дека се случува нешто незаконско, треба темелно да се испита и веднаш да се реагира.
XS
SM
MD
LG